Иванов го потпиша указот за ребаланс на буџетот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претседателот Ѓорѓе Иванов го потпишал указот за ребаланс на буџетот, синоќа пред истекот на законскиот рок. Указот е вратен во Собранието, по што ќе биде објавен во Службен весник и ќе стапи на сила. Собранието пред една недела го изгласа ребалансот. За ребалансот гласаа 63 пратеници, од кои 61 гласаа „за“, а двајца против.
Ребалансот се темели на проекција на раст на БДП од 2,2 отсто, буџетскиот дефицит е проектиран на 18,57 милијарди денари, вкупните приходи се ревидирани за 1,5 отсто помалку, односно за 2,87 милијарди денари. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за ребалансот.
Извор: Макфакс