Иванов: Новата Влада што побрзо да спроведе попис | Правдико

Правдико

   

Иванов: Новата Влада што побрзо да спроведе попис

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Без нов попис на населението, не може да се бараат права што зависат од статистиката. Очекувам новата Влада што побрзо да спроведе попис за да видиме колку сме, да видиме дали реалноста на теренот соодветствува со тврдењата на некои политичари, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во четвртокот во своето годишно обраќање.

ivanov-bgnes

„Слушам дека се бара двојазичност на целата територија на Македонија. Тоа прашање е затворено со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија, кој произлезе од Охридскиот договор, каде се регулира прашањето за службениот јазик во Република Македонија. Службената употреба на кој било јазик во Република Македонија зависи од статистиката, а единствен начин за добивање на реална статистика е пописот“, истакна претседателот Иванов.

„Им порачувам дека е неодговорно да се бараат права без да се превземаат обврски, точно онака како што е наведено во амандманот 4 од Уставот на Република Македонија“, рече македонскиот претседател.

А обврска и одговорност на секој граѓанин на Македонија, независно од етничката, верската, јазичната и идеолошката припадност е да се грижи за добробитта на оваа наша единствена заедничка татковина – Република Македонија, порача Иванов. Последниот попис во Македонија, посочи тој, беше пред цели 14 години, оценувајќи дека тоа е предолг период за која било држава.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико