Иванов потврди дека се издавани сертификати за новинари за да се спречат лажни вести | Правдико

Правдико

   

Иванов потврди дека се издавани сертификати за новинари за да се спречат лажни вести

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот Ѓорге Иванов потврди дека издавал безбедносни сертификати на новинари со цел тие да учествуваат во работни тела на седниците на Советот за безбедност, кој треба да ја донесе стратегијата за одбрана. Кабинетот на претседателот соопшти дека врз основа на Деловникот за работа на Советот за безбедност, седниците во определени случаи може да бидат јавни. Стручни лица може да учествуваат во работата на Советот, односно Советот за безбедност може да формира работни тела за разгледување прашања поврзани со безбедноста и одбраната.

„Во процесот на спроведување на итните реформски приоритети поврзани за прашања за безбедноста, но и законската обврска на претседателот на Република Македонија да ја донесе стратегијата за одбрана, Советот планира активности во кои сметаме дека треба да бидат вклучени и стручни лица – новинари. Во согласност со законските одредби за работа за класифицирани податоци, новинарите треба да имаат издаден безбедносен сертификат од надлежен државен орган – ДБКИ. Во планираните активности очекуваме од новинарите да дадат сугестии за начинот на информирање на јавноста за подигнување на свеста и безбедносната култура за работа со класифицирани информации заради постоење висок ризик од генерирање лажни вести и планиран истек на информации, што врши ерозија на институциите“, се вели во реакцијата од Кабинетот на Иванов.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, на прес-конференција изрази загриженост поради тоа што според нивни информации Кабинетот на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, на одредени новинари им понудил безбедносни сертификати во име на поголема транспарентност на институцијата оценувајќи го таквиот чекор како обид за притисок и контрола врз медиумите.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико