Иванов целосно ја поништи аболицијата | Правдико

Правдико

   

Иванов целосно ја поништи аболицијата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов денеска донел одлука да ги поништи и преостанатите 34 одлуки за помилување, кои ги донесе на 12 април, оваа година, се вели во писмената изјава на Иванов, испратена од неговиот кабинет попладнево.

13318774_10206658612280323_658858472_n

Во соопштението се наведува дека по поништените 22 помилувања кои се однесуваа на политичари, до кабинетот на Иванов ниту едно од преостанатите 34 помилувани лица досега не поднело барање за повлекување на аболицијата.

„Изминаа десет дена откако донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за вкупно дваесет и двајца политички експонирани лица. Оттогаш, сите други лица, согласно законските измени, имаа можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување. Меѓутоа и покрај декларативните најави на дел од нив во јавноста дека ќе го сторат тоа, досега ниту еден од помилуваните не поднесе барање за поништување на одлуките за нивно помилување. Во овие десет дена бевме сведоци на различни толкувања на оваа одлука на поларизираната политичка сцена и обиди да се освојат ситни дневно – политички поени преку оваа одлука за која како и тогаш, така и сега сум уверен дека ќе придонесе за национално помирување и ќе понуди излез од политичката криза во Република Македонија. Поради ова, денеска донесов одлука да ги поништам и преостанатите одлуки за помилување кои ги донесов на 12 април“, стои во писмената изјава на Иванов.

Иванов, на крајот во изјавата, вели дека „за разлика од 12 април, денеска имаме нова реалност во Македонија и дека „во услови на надворешни закани и безбедносни ризици, имаме функционални институции, кои можат да се справат со предизвиците“.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико