Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ | Правдико

Правдико

   

Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот градоначалник на Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Денеска, поднесов тужба за клевета против портпаролот на Христијан Мицкоски, Наум Стоилковски, кој е финансиран од партијата да шири лаги во интерес на неговиот шеф. Мицкоски на тој начин посегна по моја лична дискредитација, а тоа ја покажува единствено својата немоќ да се соочи со конструктивните критики што му ги упатив по изборниот пораз“, вели Коневски.

Со ваквото однесување, додаде тој, Мицкоски уште еднаш потврди дека нема никаква почит кон сите досегашни функционери на партијата, мои почитувани сопартијци, како и кон оние што недвосмислено и со најискрени намери побараа негова оставка од претседателската функција по неуспехот што го доживеа на парламентарните избори.

„Јас сум сигурен дека за многу бргу Стоилковски јавно ќе ми се извини за искажаните лаги, а сакам да верувам и дека Мицкоски на крајот ќе го одржи дадениот збор пред целата македонска јавност, ќе покаже минимум доблест, достоинство, морален и демократски капацитет и сам ќе си замине од претседателското место на партијата“, вели Коневски.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико