Иво Ивановски и Марта Арсовска-Томовска му давале списоци на Јанакиески за вработени во државната администрација од Центар | Правдико

Правдико

   

Иво Ивановски и Марта Арсовска-Томовска му давале списоци на Јанакиески за вработени во државната администрација од Центар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во телефонски разговор од 26 март 2013 година во предметот „Титаник“ на СЈО, Миле Јанакиески ѝ врти на ексзаменичката во Министерството за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, и ѝ бара список на сите вработени во државната и јавната администрација, кои живеат во општина Центар.

Марта му вели на Јанакиески дека била во странство, но дека може да му најде список од вработени во државната администрација, а не и за јавната администрација.

„Јави му се на Иво. Поарно на него да му се јавиш“, му вели Томовска на ексминистерот упатувајќи го кон поранешниот министер за информатичко општество и администрација

Јанакиески во друг разговор од 26 март 2013 со Иво Ивановски му бара да му обезбеди лица што се вработени со име и презиме и адреса на живеење.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико