Ивона Талеска на суд на 19 февруари за затајување данок
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Ивона Талеска, обвинета во случајот „Тифани“, што го отвори специјалното јавно обвинителство, треба да се појави на суд на 19 февруари, а судењето за случајот „Тендери“ за изградбата на Музејот на ВМРО е закажано за 21 февруари.
Случајот на СЈО наречен „Тифани“ се однесува на кривично дело што траело од 2008 до 2014 година, при што Талеска како управителка на друштвото за консалтинг „Смарт ДООЕЛ“ и на „Смарт груп ДООЕЛ Скопје“ за даночните 2008 -2014 година одбегнала да плати даноци, а во завршните сметки давала лажни податоци, при што одбегнала да плати 2.314.463 денари или 37.634 евра преку фирмите и 1.040.840 денари или 16.924 евра личен данок.
Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи при презентирањето на случајот во јавноста, Талеска преку фирмите набавувала долна облека во вредност од 500 евра, здолништа, ташни, ремени, очила, шминки, велосипеди, сигурносни врати и друго. Случајот се води под кодно име „Тифани“ поради познатиот луксузен бренд на долна облека „Тифани“.
Во „Тендери“ првобвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, заедно со уште 2 други лица поради фаворизирање на компанијата „Бетон – Штип“ при изградбата на Музејот на македонската борба.
Извор: Макфакс