Избирачкиот список кај партиите, Собранието се распушта на 12 октомври
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Државната изборна комисија соопшти дека Избирачкиот список, на кој има 1.770.736 граѓани со право на глас, само 9.392 избирачи помалку од парламентарните избори во 2014 година, го доставила до сите политички партии на 30 август.
Откако беше утврден 11 декември како датум за предвремените парламентарни избори, Собранието на Македонија треба да се распушти на 12 октомври и тогаш официјално да ги распише изборите.
На 17 октомври радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) се должни да утврдат ценовници за платено политичкорекламирање на учесниците во изборниот процес.
Јавниот увид во списокот ќе биде можен од 27 октомври до 16 ноември, кога тој и официјално ќе се затвори.
На 18 ноември, пак, листите со кандидати на пратеници треба да се објават во дневен печат.
Изборната кампања, пак, ќе почне на 21 ноември, а на 22 ноември ДИК ќе им го достави официјалниот избирачки список на политичките партии, а тие, во рок од пет дена, до 27 ноември, мора да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци.
Ако помине тој список кај партиите, тогаш следно е потпишување на Избирачкиот список од ДИК на 27 ноември.
На 8 декември веќе ДИК би требало да го предаде изборниот материјал на општинските изборни комисии а на 10 декември завршува изборната кампања и почнува изборниот молк.
На 11 декември, доколку сѐ оди според постигнатиот договор, граѓаните ќе излезат на избори и ќе гласаат за нова влада и премиер.
Извор: Макфакс