Изборната регулатива на разгледување во Собранието | Правдико

Правдико

   

Изборната регулатива на разгледување во Собранието

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Изборната регулатива денеска се очекува да се најде на дневен ред во Собранието, откако вчера по 15 часа преговори, работните групи на партиите потписнички на договорот од Пржино, постигнаа договор за изборните закони.

sobranie-na-rm-640x360

Договорено е членовите на ДИК да се избираат по формулата „3 + 3 + 3“, што значи по тројца претставници од власта и од опозицијата и тројца експерти што ќе се изберат во Собранието.

Како што брифираат нашите извори, одлуките ќе се носат со апсолутно мнозинство. Претходно беше дефинирано една изборна единица за дијаспората, со пропорционален модел, а ќе се избираат тројца пратеници.

Теренското прочистување на избирачкиот список кое исто така е договорено, ќе се извршува со вкрстување на податоците од институциите.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико