Избран нов претседател на Уставниот суд | Правдико

Правдико

   

Избран нов претседател на Уставниот суд

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Уставните судии во понеделник на колегиум го избраа уставниот судија Никола Ивановски за нов претседател на Уставниот суд.

nikola-ivanovski-ustaven-sud

Според информациите од Судот, Ивановски бил избран со двотретинско мнозинство, односно за него гласале најмалку шест од вкупно девет уставни судии.

Од таму не соопштуваат кои биле други предлози и со колку точно гласови е избран Ивановски.

Тој ќе биде претседател на Судот во следните три години без право на повторен избор, а според неофицијалните информации, Ивановски ја имал поддршката од досегашната претседателка на Судот, Елена Гошева.

Никола Ивановски е роден на 15 мај 1960 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Битола во 1983 година, а правосудниот испит го положил во 1985 година. Работел прво како приправник, а потоа како стручен соработник во Окружниот стопански суд – Скопје (1984-1988), истражен и извршен судија во Основниот суд Скопје 1 Скопје (1988-1996), вршел самостојна адвокатска дејност во Адвокатска канцеларија во Скопје (1996-1999), Кривичен судија во Основниот суд Скопје 1 Скопје (1999-2008) и во август 2008 година бил избран за член на Советот на јавни обвинители на Република Македонија.

За судија на Уставниот суд на Република Македонија е избран на 1 јуни 2012 година.

Мандатот на актуелната претседателка истекува на 1 ноември, за уставен судија беше избрана во мај 2012 година, а по еден месец за судија во овој Суд беше избран Николовски.

Изборот на Ивановски за претседател на Уставниот суд значи дека оценувањето на уставноста и законитоста на Законот за Специјално обвинителство ќе биде ставен на дневен ред на некоја од седниците на Судот за време на неговиот мандат. Оваа иницијатива е поднесена пред една година, но досега не беше ставена на дневен ред на седниците на Судот.

Гошева, за време на чиј мандат имаше многу критики за партизираноста на дел од уставните судии, изјави дека не гледа демократија во вулгарностите изречени за Уставниот суд, ниту во боењето на објектот на Судот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико