Правдико

   

Избрана новата антикорупциска комисија

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со 65 гласа „за“ и 10 „воздржани“ избрана е новата антикорупциска комисија.

Од новиот состав на комисијата се очекува вистинска борба со корупцијата независно дали доаѓа од политичките партии, бизнис-интересите или други моќници.  Претседателските избори ќе бидат првиот тест, порачаа дел од пратениците пред изборот на новите членови на Државната комисија за спречување  корупција.

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ реагираа на начинот на бодување при изборот на членовите и од тие причини ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.

„Го поздравуваме заклучокот на Комисијата да бидат објавени индивиуалните бодувања за да може и јавноста да ја види дискрапанцата во одредени бодувања“, рече Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Јован Митревски од СДСМ изрази очекување дека комисијата ќе го соопшти секое име и презиме на лице кое го прекршило законот, безразлика на политичката партија или етничката припадност.

„Требаше да создадеме регулатива со препораките на Прибе и ГРЕКО, тоа го постигнавме заедно со опозицијата, консулатциите со екпертите и граѓанскиот сектор“, додаде Митревски.

Пратеникот од ДУИ, Џеват Адеми, реагира на начинот на рангирање на кандидатите за антикорупциската комисија. Тој се сомнева дека селекцијата била неправедна, но рече дека, сепак, ќе го поддржи изборот на комисијата.

„Го поддржувам изборот но ми остана горкиот вкус што универзитетски професор од факултетот од Тетово добил најмалку поени, а анонимен пензионер добил најмногу, се плашам дека има предрасуди во јавноста“, реагира Адеми.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико