Избрани претедатели на судови во Битола, Охрид и Кочани | Правдико

Правдико

   

Избрани претедатели на судови во Битола, Охрид и Кочани

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ilustracija-sudstvoСудскиот совет на Република Македонија Ве известува дека на денешната – 215-та седница избрани се три претседатели на судови и тоа за претседател на АС Битола – Елизабета Манели Ташевска,  претседател на ОС Кочани – Дарко Ристов,  претседател на ОС Охрид – Милчо Клишески.

Во таа смисла, Претседателот на Судскиот совет на РМ од свое лично име и од името на  Членовите на советот, им го честиташе изборот, со надеж дека избраните претседатели на АС Битола, ОС Кочани и ОС Охрид ќе ја оправдаат довербата која им е укажана.

Понатаму, нагласи дека навистина му претставува чест, особено што во последните месеци иако наидувааат на предизвици и без најмала субјективност истите сите заедно ги надминуваат, при унапредувањето во професионалната кариера на судиите и на претседателите, а применувајќи ги меѓународните стандарди кои се засноваат на заслуги, преку примена на објективни критериуми од мерит системот, а кои преку АКМИС-системот беа оценети со највисока позитивна оценка.

Покрај огласот за избор на тројца судии во Врховниот суд, Претседателот на ССРМ со особено задоволство истакна дека денеска ќе се објави и оглас за избор на судии во основните судови, за завршените кандидати од 5-та генерација на АСЈО, кои ја заокружија нивната двегодишна обука за судии, со кое истите веднаш се подготвени да бидат вклучени во професијата, а истовремено и да се соочат и со предизвиците кои ќе  ги носи нивната судиска функција.

Исто така, на денешната седница се усвои и Правилникот за додатоци на плата, нивната висина и начинот на утврдување за судиите во Република Македонија.

Кон крајот, Претседателот истакна дека навистина е горд што преку вложувањата од страна Судскиот буџет во нивната обука во АСЈО преставува суштински фатор да и понатаму се продолжи со успешна имплементација на највисоките европски стандарди, a тоа е – за судија на основен суд  да може да биде избран само кандидат кој ја завршил обуката во Академијата за судии и јавни обвинители.

Препорачуваме

Партнери на Правдико