Правдико

   

Избрани сентенци од практиката на Основниот кривичен суд Скопје 2013 – 2019

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Правната сигурност како едно од основните начела на нашиот правен систем, својата практична реализација ја има во воедначеното постапување на судовите при примената на позитивните законски прописи. Судската практика не претставува формален извор на правото, но со силината на аргументите и авторитетот на судовите кои ги изразуваат своите правни сфаќања при толкувањето на правните норми, е прифатена од страна на судовите и на тој начин станува неформален извор на правото кој се применува во практиката.1

Во 2019 година на иницијатива на Основниот кривичен суд Скопје, Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја поддржа реализацијата на низа проектни активности насочени кон воедначена примена на Законот за кривичната постапка. Во блиска соработка со Академијата за судии и јавни обвинители и Здружението на судиите, Основниот кривичен суд Скопје оддржа неколку дебати од кои произлегоа практични заклучоци и препораки за различни процесни аспекти на кривичната постапка.

Целото издание можете да го преземете ТУКА

Партнери на Правдико