Избраните помошници на Јанева не дојдоја да дадат свечена изјава
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Седумтемина помошници на специјалната обвинителка Катица Јанева кои беа избрани минатата недела, не дојдоа на денешната седница на Советот на јавни обвинители на која требаше да дадат свечена изјава со која формално треба да ја преземат должноста.
Јанева во петокот ги повика да не дојдат на денешната седница, бидејќи одлуката на Советот со која беа избрани само седум од 14-те предложени кандидати, според неа е спротивна на Законот за Специјалното обвинителство.
Во меѓувреме, партиските работни групи постигнаа договор и потпишаа писмо со кое се бара од Советот да ги избере и останатите седум помошници на Јанева, а Уставниот суд што поскоро да се изјасни за уставноста на законот.
Засега не е закажана седница на Советот на јавни обвинители на која би биле избрани преостанатите предложени јавни обвинители.
Извор: Утрински Весник