Издадена 17 емисија обврзници за денационализација | Правдико

Правдико

   

Издадена 17 емисија обврзници за денационализација

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државата вчера, 13 јуни 2018 година, ја емитуваше Седумнаесеттата емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од 5 милиони евра.

Со Седумнаесетта емисија на обврзниците за денационализација опфатени се сите правосилни решенија за денационализација од 1.2.2017 година до 31.1.2018 година со кои како надомест се даваат обврзници.

Тргувањето со обврзниците за денационализација ќе се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките – членки на Македонската берза.

Пред рокот за нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост.

Проспектот може да го најдете ТУКА

Партнери на Правдико