Издавање и користење на безбедносен сертификат за класифицирани информации | Правдико

Правдико

   

Издавање и користење на безбедносен сертификат за класифицирани информации

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

1Класифицирана информација е информација којашто се заштитува од неовластен пристап или употреба и којашто се определува со степен на класификација.

„Информација од интерес за Република Македонија“ е секоја информација или материјал изготвен од државните органи, орган на единицата на локалната самоуправа, јавно претпријатие, јавна установа и служба, правно и физичко лице, како и странски лица, којшто се однесува на безбедноста и одбраната на државата, нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, уставниот поредок, јавниот интерес, слободите и правата на човекот и граѓанинот.

Безбедносниот сертификат е документ кој овозможува физичките или правните лица да имаат право на пристап и користење на класифицирани информации во извршувањето на работните обврски.

Зошто е потребен безбедносен сертификат и какви безбедносни сертификати постојат?

Согласно Законот за класифицирани информации секое лице кое има потреба од пристап до и работа со класифицирани информации мора да има безбедносен сертификат соодветен на степенот на класификација на информацијата или безбедносен сертификат со повисок степен.

Постојат два вида безбедносни сертификати коишто ги издава Дирекцијата, и тоа: безбедносен сертификат за физичко лице и безбедносен сертификат за правно лице. Безбедносните сертификати може да се издадат за ракување со национални, со НАТО или со ЕУ класифицирани информации. Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации издава национални безбедносни сертификати до највисокиот степен „Државна тајна“. За НАТО и за ЕУ класифицирани информации Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации издава безбедносни сертификати до степен „Строго доверливо“, со оглед на потпишаните договори на билатерална основа помеѓу Република Македонија и НАТО, односно Република Македонија и ЕУ.

2Која е постапката за издавање на безбедносни сертификати?

Согласно Законот за класифицирани информации, лицата кои работат со класифицирани информации потребно е да имаат безбедносен сертификат од соодветен вид и степен со цел задоволување на условите од доменот на персоналната безбедност при работа со класифицирани информации.

Секој државен орган потребно е да изработи систематизација на работните места во која јасно ќе наведе за која позиција каков безбедносен сертификат е потребен. За лицата кои ќе аплицираат за некое работно место за кое е потребно поседување безбедносен сертификат, или веќе работат на таква позиција, потребно е да се спроведе постапка за издавање соодветен безбедносен сертификат.

За да може едно лице да добие безбедносен сертификат потребно е да биде задоволен принципот „потребно е да знае“, односно да се има потреба од пристап до класифицирани информации, како и да бидат исполнети условите од член 38 од Законот за класифицирани информации, односно лицето да е државјанин на РМ, да има деловна способност, да не постојат околности со кои што би се ограничувал пристапот до класифицирани информации, да има наполнето 18 години, а за степенот “Државна тајна“, 21 година, да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност итн.

За да отпочне постапката за издавање безбедносен сертификат потребно е до Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации да биде доставено барање, од страна на овластеното лице, за издавање безбедносен сертификат. Кон барањето задолжително е да бидат приложени и:

– безбедносен прашалник;
– изјавата на кандидатот со која се согласува да бидат проверени наведените податоци дадени во безбедносниот прашалник;
– фотокопија од важечка лична карта или патна исправа и
– биографија.

Во барањето за издавање безбедносен сертификат што ќе биде доставено до Дирекцијата, од страна на овластените лица, мора јасно да биде наведено за каков вид и степен на безбедносен сертификат се однесува барањето.

За издавање безбедносен сертификат со степен:

– Државна тајна – се пополнува безбедносен прашалник Образец „А“;
– Строго доверливо – се пополнува безбедносен прашалник Образец „Б“;
– Доверливо – се пополнува безбедносен прашалник Образец „В“;
– Интерно – се пополнува безбедносен прашалник Образец „Г“.

3Кандидатот своерачно ги пополнува безбедносниот прашалник и изјавата, при што треба да се внимава да бидат пополнети сите рубрики. Доколку за некои прашања не е даден одговор, ќе се смета дека безбедносниот прашалник е непотполн и тој нема да се стави во постапка за издавање безбедносен сертификат.

Кандидатот за добивање безбедносен сертификат задолжително ги потполнува и ги потпишува безбедносниот прашалник и изјавата со која се согласува да бидат проверени дадените податоци во безбедносниот прашалник. Доколку безбедносниот прашалник и изјавата не бидат потпишани, не постојат услови за отпочнување на постапката за издавање безбедносен сертификат.

Доколку при учество на некоја активност (семинари, курсеви, состаноци и сл.) надвор од Република Македонија се бара безбедносен сертификат, тогаш Дирекцијата, по барање на надлежниот орган, ќе издаде извод од НАТО или од ЕУ безбедносните сертификати за вработените во тој орган. Во барањето за извод од безбедносниот сертификат треба да се наведе датумот или периодот на одржување на активноста и називот на активноста. Во прилог на барањето треба да се достави фотокопија од важечка патна исправа.

Извод од безбедносен сертификат се издава врз основа на претходно издаден изворник. Степенот на изводот е еднаков на степенот на изворникот. Изводот од националниот безбедносен сертификат се врачува на кандидатот, а изворникот останува во Дирекцијата и кај органот во којшто е вработен кандидатот.

Безбедносните сертификати се доставуваат до овластеното лице во институцијата во којашто е вработено лицето. Овластеното лице треба да изврши запознавање (брифирање) на лицето на коешто му е издаден безбедносниот сертификат со обврските и одговорностите од Законот за класифицирани информации при работа со класифицираните информации.

Издавање на безбедносен сертификат на правно лице

Продолжува на страна 2

Страници: 1 2

Препорачуваме

Партнери на Правдико