Издавање на пасош
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Опис: Пасошот е електронска исправа за лична идентификација која му се издава на државјанин на Република Македонија заради патување и престој во странство, како и за враќање во земјата
Орган што ја издава: Пасош издава Министерството за внатрешни работи.
Потребна документација:
– Барање за издавање на пасош МК
– Лична карта или друга јавна исправа од која може да се утврди идентитетот на подносителот на барањето
– Уплатница на жиро сметка во износ од 1.500,00 денари за образецот на пасошот ,
– Уплатница за административна такса од 100,00 денари– на уплатница- за лица до 4 годишна возраст,
– Уплатница за административна такса од 200,00 денари– на уплатница-за лица од 4 до 27 годишна возраст
– Уплатница за административна такса од 300,00 денари– на уплатница-за лица над 27 годишна возраст
( Можност и за безготовинско плаќање)
Рок на важење на пасошот:
– За лица постари од 27 години пасошот се издава со рок на важење од десет години,
– За лица на возраст од 4 до 27 години пасошот са издава со рок на важење од пет години
– За лица до навршени 4 годишна возраст пасошот се издава со рок на важење од две години
Постапки за издавање на пасош:
Редовна постапка – Органот надлежен за издавање на патни исправи и визи барањето го решава во што пократок рок, но најдоцна до 15 дена од денот на поднесување на барањето.
Итна постапка – Во случај кога барателот во барањето за издавање пасош наведе дека бара изготвување на пасош во итна постапка, доколку не постојат објективни пречки пасошот се изготвува во рок од 48 часа од денот на поднесување на барањето. Подигањето на итните пасоши, а поднесени во сите надлежни организациони единици на МВР, се врши во СВР- Скопје, зграда на МРТВ први спрат.
Издавање одобренија за патување во странство на малолетни лица (до 14 години живот)
1. Ако лицето до 14 години живот ( малолетно лице ) патува во странство или се враќа од странство во присуство на родител или старател не е потребно да има одобрение за неговото патување.
2. Ако лицето до 14 години живот (малолетно лице) патува во странство или се враќа од странство без присуство на родител или старател,потребно е да има одобрение за неговото патување кое се издава врз основа на писмената согласност од родителите односно старателот,дадена во надлежните сектори-одделенија за Внатрешни работи,со приложување на увид-извод од матична книга на родените на малолетното лице кое патува, личните карти од родителите или старателот и таксена марка од 50,00 денари.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАСОШ ЗА ДЕЦА ДО 4 ГОДИНИ
- Лично присуство на детето.
- Извод на родените – може постар или фотокопија.
- Присуство на родителот/родителите или старателот со важечка лична карта или друга јавна исправа за идентификација.
- Барање.
- 4500,00 денари за образецот (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
- 100,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
- Стариот пасош доколку е во важност.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАСОШ ЗА ЛИЦА ОД 4 ДО 18 ГОДИНИ

- 200,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
- Стариот пасош доколку е во важност.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАСОШ ЗА ЛИЦА НАД 27 ГОДИНИ
- Лично присуство со важечка лична карта или друга јавна исправа за идентификација.

- 300,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
- Стариот пасош доколку е во важност.
ИЗДАВАЊЕ НА ИЗГУБЕНА ПАТНА ИСПРАВА
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАСОШ ЗА ДЕЦА ДО 4 ГОДИНИ
- Лично присуство на детето.
- Извод на родените – може постар или фотокопија.
- Присуство на родителот/родителите или старателот со важечка лична карта или друга јавна исправа за идентификација.
- Барање.
- Изјава.
- 1500,00 денари за образецот во редовна постапка (4500,00 денари во итна постапка) (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
- 100,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
- 75,00 денари за објавување на изгубена патна исправа во „Службен весник на Република Македонија“ (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАСОШ ЗА ЛИЦА ОД 4 ДО 18 ГОДИНИ
- Лично присуство на детето.
- Извод на родените – може постар или фотокопија.
- Присуство на родителот/родителите или старателот со важечка лична карта или друга јавна исправа за идентификација.
- Барање.
- Изјава.
- 1500,00 денари за образецот во редовна постапка (4500,00 денари во итна постапка) (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
- 200,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
- 75,00 денари за објавување на изгубена патна исправа во „Службен весник на Република Македонија“ (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАСОШ ЗА ЛИЦА ОД 18 ДО 27 ГОДИНИ