Издавање на уверение за неосудуваност
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Опис: Издавање на уверение за неосудуваност со кое се потврдува дека против барателот нема подигнато обвинителен акт кој влегол во правна сила, ниту пак е донесена неправосилна пресуда. Во молбата задолжително се наведува за што е потребно да се издаде вакво уверение.
Орган што ја издава: Основните судови во РМ.
Потребна документација:
– Молба за уверение за неосудуваност
– Уплата од 320,оо ден судска такса на следната сметка:
Назив и седиште на примач: Буџет на РМ
Банка на примач: Народна Банка на РМ
Трансакциона сметка: 100000000063095
Износ: 320,00 денари
Уплатна сметка: 840-XXX(ознака на општината)-03359
Приходна шифра и програма: 722213 00
Цел на дознака: Судскa таксa за уверение
Погледнете ја Листата со ознака на општините