Издавање на Уверение за остварени приходи | Правдико

Правдико

   

Издавање на Уверение за остварени приходи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ujp

Опис: УЈП издава Уверение за остварени приходи во која ќе ги наведе износите на сите видови остварени приходи во годината за која се издава Уверението, според податоците од вашето годишно решение за данок на доход донесено од страна на УЈП.

Орган што издава: Управа за јавни приходи

Потребна документација: 

Барање за издавање на уверение за остварени приходи;

* во посебни случаи  како прилози се доставуваат:

  • Полномошно – доколку барањето го поднесувате како овластено лице/полномошник на даночниот обврзник
  • Решение за наследување – доколку барањето го поднесувате како законски наследник на даночниот обврзник
  • Дозвола за престој – доколку сте странско физичко лице со дозвола за престој во РМ

Уверението за остварени приходи е ослободено од плаќање административни такси доколку се издава по било кој од основите кои се екплицитно наведени во Барањето. Доколку уверението ви е потребно по “друг основ“, кој не е експлицитно наведен во барањето, потребно е да извршите увид во член 15 и 18 од Законот за административни такси дали истото е ослободено од административни такси. Доколку не е, таквото уверение ќе биде таксирано со административна такса од 100 денари. 

Административната такса може да ја платите на уплатница Налог ПП 50 или преку мобилен телефон со праќање на СМС порака (систем eNAPSYS) на бројот 144 166 со текст „TM Ime Prezime Iznos„. По праќањето на пораката повратно добивате Трансакциски код (кој се состои од 10 бројки), во кој случај во Барањето задолжително го наведувате трансакцискиот код.

Уверението ќе ви биде доставено по пошта на вашата адреса наведена во Барањето доколку сте го поднеле во писмена форма.

Партнери на Правдико