Издавање на Уверение за платени даноци и придонеси | Правдико

Правдико

   

Издавање на Уверение за платени даноци и придонеси

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ujp

Опис: За потребите на граѓаните/физички лица, Управата за јавни приходи издава Уверение за платени даноци и придонеси, по претходно поднесено Барање.Пополнетото барање се поднесува во писмена форма до надлежната даночна канцеларија според местото на живеење, односно престој на даночниот обврзник или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk

Орган што издава: Управа за јавни приходи

Потребна документација: 

Барање за издавање на Уверение за платени даноци и придонеси;

– Доказ за извршена уплата на административна такса 100 денари – со Налог ПП 50 или трансакциски код преку мобилен телефон

* во посебни случаи  како прилози се доставуваат:

  • Полномошно – доколку барањето го поднесувате како овластено лице/полномошник на даночниот обврзник
  • Решение за наследување – доколку барањето го поднесувате како законски наследник на даночниот обврзник
  • Дозвола за престој – доколку сте странско физичко лице со дозвола за престој во РМ

Административната такса може да ја платите на уплатница Налог ПП 50 или преку мобилен телефон со праќање на СМС порака (систем eNAPSYS) на бројот 144 166 со текст „TM Ime Prezime Iznos„. По праќањето на пораката повратно добивате Трансакциски код (кој се состои од 10 бројки), во кој случај во Барањето задолжително го наведувате трансакцискиот код.

Партнери на Правдико