Издавање на уверенија и потврди по поднесено барање по службена должност преку системот е-даноци | Правдико

Правдико

   

Издавање на уверенија и потврди по поднесено барање по службена должност преку системот е-даноци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ujpСогласно Законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност („Службен весник на РМ“, бр. 79/13) министерствата, другите органи на државната управа, организации утврдени со закон, други државни органи, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, органите на општината, на Градот Скопје и на општините во градот Скопје, кога во управните работи, непосредно применувајќи ги прописите решаваат за правата, обврските или правните интереси на физички и правни лица или на други странки, можат по службена должност да поднесат Барање за издавање на уверение или потврда во име на странката.

Според ова, доколку во постапката по барање на странка треба да се приложи уверение или потврда од Управата за јавни приходи, органот кој треба да решава за правото, обврската или правниот интерес на странката треба таквото уверение по службена должност да го прибави од Управата за јавни приходи. Странката, доколку е физичко лице, треба да му даде согласност на органот за користење на нејзините лични податоци во прибавување на уверението / потврдата. За подетални информации странките треба да се обратат во органот/инситуцијата кој одлучува по нивното барање.

Истовремено се соопштува сите субјекти кои согласно споменатиот закон ќе прибавуваат уверенија и потврди од Управата за јавни приходи по службена должност, имаат можност барањата да ги поднесат по електронски пат преку системот е-Даноци и бараниот акт да го добијат исто така по електронски пат. Доколку субјектот не е регистриран во системот е-Даноци за користење на електронските услуги потребно е истиот да се регистрира. За постапката за регистрација да се следи линк:
https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_uverenija.jsp

Во зависност од видот на актот кој треба да се прибави, субјектот кој го прибавува актот по службена должност до Управата за јавни приходи треба да поднесе соодветно барање:

  • Барање за издавање на уверение за платени даноци и придонеси од домашно/странско физичко лице (службено) образец УЈП-УН-З.2-20/2 (види линк http://ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/147);
  • Барање за издавање на уверение за остварени приходи од домашно/странско физичко лице (службено) образецУЈП-УН-З.2-22/2 (види линк http://ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/146);
  • Барање за издавање на уверение за платени даноци и придонеси за домашно/странско правно лице или самостоен вршител на дејност (службено) образец УЈП-УН-З.2-24/2 (види линк http://ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/148) и
  • Барање за издавање на потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси од домашно /странско правно лице, самостоен вршител на дејност или физичко лице (службено) образец УЈП-УН-З.2-26/2 (види линкhttp://ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/149).

За повеќе информации види линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/category/1091.

Препорачуваме

Партнери на Правдико