Издавање на возачка дозвола | Правдико

Правдико

   

Издавање на возачка дозвола

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

vozackaaaaa1

Опис: Возачка дозвола е јавна исправа што ја издава надлежен орган, со која се докажува правото на управување со одредени категории или поткатегории на возила.

Орган што ја издава: Возачката дозвола ја издава Министерството за внатрешни работи. Барањето  за  издавање  возачка  дозвола,  возачот  го поднесува  лично  до  надлежната  организациона  единица  на  Министерството,  според живеалиштето  на  лицето,  односно  престојувалиштето  на  странецот

Потребна документација: 

Пријава за издавање возачка дозвола

Уплатница 280,оо денари

– уплатница 110,oo денари aдминистративна такса 

( Можност и за безготовинско плаќање)

Visa

Лице кое прв пат положило возачки испит кон барањето приложува и:

  1. уверение за положен возачки испит за управување со моторно возило од категоријата или поткатегоријата за која се бара издавање возачка дозвола;
  2. уверение за  здравствена  и  психофизичка  способност  на  кандидатот  за  возач  за
    категориите или поткатегориите моторни возила за кои се бара издавање возачка дозвола
    и
  3. лична карта за државјанин на Република Македонија, односно документ кој, служи за утврдување идентитет на странец, согласно закон.

Рок на важење на возачката дозвола:

Возачката дозвола се издава со рок на важење од 10 години, а на лицата постари од 65 години – со рок на важење од три години.  На лицата кои во време на издавањето на возачката дозвола имаат повеќе од 55 години возраст, возачка дозвола им се издава со рок на важност до денот на навршување 65 години возраст, со тоа што тој рок не може да биде пократок од три години.

Во случај кога лицето во барањето ќе наведе дека бара издавање возачка дозвола во итна постапка, доколку не постојат објективни пречки возачката дозвола се изготвува во рок од 48 часа од денот на поднесување на барањето.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРВА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

  • Барање.
  • Важечка лична карта на увид.
  • Лекарско уверение.
  • Уверение за положен возачки испит
  • 280,00 денари за образецот или 840 денари за образецот доколку е во итна постапка (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
  • 110,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)

ИЗДАВАЊЕ НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ЗА ВЕЛОСИПЕД СО МОТОР

  • Барање.
  • Важечка лична карта на увид (доколку поседува), извод од МК на родени, ученичка книшка или лична на родител
  • Согласност од родител (старател), доколку лицето не е полнолетно
  • Уверение за положен возачки испит
  • 280,00 денари за образецот или 840 денари за образецот доколку е во итна постапка (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
  • 110,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)

ИЗДАВАЊЕ НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ПОРАДИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВА КАТЕГОРИЈА

  • Барање.
  • Возачка дозвола
  • Важечка лична карта на увид.
  • Лекарско уверение
  • Уверение за положен возачки испит
  • 280,00 денари за образецот или 840 денари за образецот доколку е во итна постапка (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
  • 110,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)

ЗАМЕНА НА ВАЖЕЧКА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА(поради дотраеност или оштетеност)

  • Барање.
  • Возачка дозвола
  • Важечка лична карта на увид.
  • 280,00 денари за образецот или 840 денари за образецот доколку е во итна постапка (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
  • 110,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)

ЗАМЕНА НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА (поради измината важност)

  • Барање.
  • Возачка дозвола
  • Важечка лична карта на увид.
  • 280,00 денари за образецот или 840 денари за образецот доколку е во итна постапка (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
  • 170,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)

ЗАМЕНА НА СТРАНСКА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ЗА МАКЕДОНСКА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

  • Барање.
  • Важечка лична карта на увид.
  • Оригинална важечка странска возачка дозвола со извршен превод на македонски јазик и нотарска заверка
  • Доказ за престој подолг од шест месеци пред денот на издавање на странската возачка дозвола
  • Доколку во странската возачка дозвола неможе да се утврдат категориите за кои моторни возила може да управува возачот потребно е да се достави и исправа издадена од органот што ја издал дозволата од која се гледа со кои моторни возила може да управува
  • Лекарско уверение
  • 280,00 денари за образецот или 840 денари за образецот доколку е во итна постапка (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
  • 170,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)

ИЗДАВАЊЕ НА ИЗГУБЕНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

  • Барање.
  • Важечка лична карта на увид.
  • Писмена изјава на возачот со краток опис за време и место на губењето на возачката дозвола
  • 280,00 денари за образецот или 840 денари за образецот доколку е во итна постапка (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
  • 110,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
  • 75,00 денари за објавување на изгубена патна исправа во „Службен весник на Република Македонија“ (уплатница или уплата преку ПОС терминал)

Возачката дозвола во редовна постапка, се издава во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето, а во итна постапка во рок од 2 работни дена од денот на поднесувањето на барањето.

Партнери на Правдико