Издавње на лична карта | Правдико

Правдико

   

Издавање на Лична карта

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Macedonian_Identity_Card_-_front

Опис: Личната карта е јавна исправа со која се докажува идентитетот, државјанството на Република Македонија, живеалиштето и адресата на граѓанинот на Република Македонија. Секој граѓанин со наполнети 18 години живот должен е да има лична карта. Личната карта може да се издаде и на граѓанин со наполнети 15 години живот, на негово лично барање, по претходна согласност од родителите, законскиот застапник или старателот.

Орган што ја издава: Личната карта ја издава Министерството за внатрешни работи. Барањето за издавање на лична карта граѓанинот лично го поднесува во Министерството за внатрешни работи според подрачјето на кое граѓанинот има живеалиште.

Потребна документација: 

– Ваш извод од матичната книга на родените – доколку за прв пат добивате лична карта (Се прибавува по службена дожност)

Барање за издавање на лична карта  

–  Уплатница од 190,оо ден.

( Можност и за безготовинско плаќање)

Visa

 

Рок на важење на личната карта:

– до 27 години – рокот на важење е 5 години;
– над 27 години – рокот на важење е 10 години.

Личната карта ќе ви ја издаде подрачната единица на Министерството за внатрешни работи каде што сте го поднеле барањето во рок од 15 дена по поднесување на барањето.

Прва лична карта за полнолетни лица

  • Барање
  • Уплатница190,00 денари
  • Или преку Пос терминал уплата од 190,00 денари
  • Лична карта од еден родител

Прва лична карта за малолетно лице (15 до 18 години возраст)

  • Барање
  • Уплатница190,00 денари
  • Или преку Пос терминал уплата од 190,00 денари
  • потребно е лично присуство на двајцата родители со документ за идентификација
  • Извод од матична книга на родените – оригинал или копија

Замена на лична карта

  • Барање
  • Уплатница190,00 денари
  • Или преку Пос терминал уплата од 190,00 денари
  • На увид старата лична карта

Изгубена или украдена лична карта

  • Барање
  • Изјава
  • Уплатница190,00 денари
  • Или преку Пос терминал уплата од 190,00 денари
  • Уплатница 65.00 денари за Службен Весник
  • Или преку Пос терминал уплата од 65,00 денари
  • Дупликат л.карта која не е во важност не треба да се огласи

Замена на лична карта по основ на склучен брак

  • Барање
  • Уплатница190,00 денари
  • Или преку Пос терминал уплата од 190,00 денари
  • Извод од матична книга на родените со новото презиме со склучен брак или извод од матичната книга на венчаните
  • Старата лична карта
  • Важечка л.карта од сопругот или сопругата

Замена на лична карта со промена на адреса

  • Барање
  • Уплатница190,00 денари
  • Или преку Пос терминал уплата од 190,00 денари
  • Купопродажен договор за куќа или стан заверен на нотар или имотен лист
  • Старата лична карта

 

 

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико