Изгласан Законот за медиуми | Правдико

Правдико

   

Изгласан Законот за медиуми

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Без присуство на опозицијaтa која ја напушти седницата пред гласањето, парламентарното мнозинство го изгласа Законот за медиуми.

izvrsuvanjeНа ова му претходеше жестока расправа меѓу власта и опозицијата, кои ги вкрстија копјата.

Владата тврдеше дека законите се подготвувале подолг временски рок, а како што тврдат се консултирале и со домашни но и меѓународни експерти.

За опозиционерите законите не ги штитат новинарските права, туку напротив поставуваат диктаторски режими и целосна контрола врз медиумските куќи.

Претходно со гласовите на пратениците од владејачките партии беше донесен и Закконот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски рече дека на првата владина седница ќе ги достави предлог амандманите на двата закони.
„Ова ќе биде на првата наредна владина седница, со претставниците на ЗНМ договоривме дека ќе се изостават електронските публикации, а печатените медиуми ќе имааат само обврска за импресум. Дополнително во период од пет до шест месеци ќе дискутираме за МРТ. Тоа што ветив со претседателот на ЗНМ на следната владина седница ќе го реализираме“, рече министерот Иво Ивановски. 

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико