Правдико

   

Изгласан Законот за прекин на бременоста

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратениците во Собранието денеска го изгласаа Законот за прекинување на бременоста. Согласно новиот Закон за прекин на бременоста, се укинува тридневното чекање и останатите административни бариери за остварување на правото на абортус.

Со измените на законот, жената исто така ќе добие комплетни, објективни и точни информации во врска со начинот на изведување на интервенцијата. Одлуката за прекин на бременоста, жената ќе може да ја донесе свесно, без принуда од кого било, врз основа на
објективни информации поврзани со интервенцијата, со посебна медицинска интервенција за која слободно таа одлучува.

На денешната седница во прво читање поминаа и измените на Законот за Влада, со кои се предвидува трансформирање на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор во ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико