Изгласани измените на Законот за трансформација во редовен работен однос | Правдико

Правдико

   

Изгласани измените на Законот за трансформација во редовен работен однос

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Денеска(17.03.2015)  на 39-тата седница на Собранието на Република Македонија беа изгласани измените на Законот за трансформација во редовен работен однос. Со  измените и дополувањата на законот се врши доуредување и се предвидува трансформирање во работен однос на неопределено работно време да се применува и за лицата кои имале прекин на договорот со кој биле ангажирани за извршување на работа поради бременост и/или раѓање, а кои имаат важечки договори во моментот на трансформирање на работниот однос.

На овие лица ќе им се трансформира работниот однос доколку имале договори за ангажирање во институцијата за три последователни месеци што непосредно претходат на прекинот поради бременост и/или раѓање, а по завршување на прекинот повторно се ангажирани во институцијата со договор и го исполнуваат условите од став 2 на членот 2.

По исклучок, трансформирање во работен однос на неопределено работно време ќе се применува и за лицата кои имаат прекин на договорот со кој биле ангажирани за извршување на работа поради бременост и/или раѓање во моментот на трансформирање на работниот однос, а кои имале договори за ангажирање во институцијата за три последователни месеци што непосредно претходат на прекинот поради бременост и/или раѓање.

Со цел да се утврди исполнетоста на условот и времетраењето на периодот на прекинот поради бременост и/или раѓање, се предвидува формирање на Комисија од страна на министерот за здравство. Комисијата ќе издава потврда врз основа на веродостојна медицинска документација, договорите за ангажирање на лицата и потврди за извршени исплати. Условот и времетраењето на периодот за прекин поради бременост и/или раѓање Комисијата ги утврдува согласно прописите кои ги уредуваат правата за отсуство од работа поради бременост и/или раѓање. Со измените  комисијата ќе биде составена од три члена и нивни заменици од кои два члена и нивни заменици се на предлог на Министерот за здравство и еден член и негов заменик се на предлог на директорите на ФЗОМ. Согласно ова се предвидува доколу е потребно институциите да ги усогласат актите за систематизација во рок од 15 работни дена од денот на влегување во сила на  законот.

Покрај ова се зголемува рокот во кој институциите должни се да склучат договори за засновање на работен однос на неопределено време, односно да донесат решенија за вработување со лицата ангажирани со договор од 30 дена на 90 дена од влегувањето во сила на законот.

Исто се допрецизираат ограничувањата од членовите 8 и 9 во смисла на тоа дека не се однесуваат за повремени набљудувачи и стрелци во Управата за хидрометеоролошки работи и за лица за непосредно прибирање на податоци во Државниот завод за статистика.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико