Изгласани нацрт-уставните измени на матичната собраниска Комисија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Собраниската Комисија за уставни прашања денеска со поединечно гласање ги прифати нацрт-амандманите на Уставот што ги предложи Владата.
Против амандманите односно измените на Уставот се изјаснија само пратениците на опозициската ДПА. Пратениците од СДСМ и коалициските пратеници се уште не учествуваат во работата на Парламентот, освен трите пратенички кои не го почитуваа партискиот став.
Нацрт-амандманите на Уставот на дневен ред на Собранието се на седницата закажана за среда, со што ќе заврши втората фаза од измените на Уставот. Потоа тие ќе одат на 30-дневна јавна дисксуија, по која Владата повторно до Собранието треба да достави предлог-амандмани во кои би биле вградени забелешки од дискусијата. Се очекува целата постапка за носење на уставните амандмани да заврши до крајот на октомври.
Извор: 24 Вести