Правдико

   

Изготвен е предлог Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

policija-soobrakaec_2014818143124Со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата , нормативно-правно се уредуваат безбедноста и заштитата на патиштата, основните начела и меѓусебните односи на учесниците и другите субјекти во сообраќајот на патиштата; правилата на сообраќајот на патиштата; системот на сообраќајните знаци, опремата и сигнализацијата на патиштата; должностите во случај на сообраќајна незгода; кандидати за возачи, возачи, автошколи, испитни центри и возачки дозволи; оспособувањето за управување и стекнување право на управување со моторно возило и прекршочната постапка за деца; посебните мерки на безбедност; организацијата и задачите на советите за безбедност на сообраќајот на патиштата; евиденциите и заштитата на податоците; прекршочните одредби и овластувањата за подзаконски прописи.

Воедно, како резултат на практичните проблеми детектирани во процесот на имплементација на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата врз основа на неговата досегашна практична примена, се наметна потребата од нивно надминување, преку прецизирање на повеќе одредби од законот, во правец на содржинско допрецизирање и подобрување на постојните решенија, преку нормативно-правно и техничко прецизирање на постојните законски одредби.

Причини за проблемите кои се предмет на разгледување

Донесувањето на овој закон кој е во надлежност на Министерството за внатрешни работи, со кој меѓу другото се уредува безбедноста и заштитата на учесниците во сообраќајот на патиштата; правилата на сообраќајот на патиштата; системот на сообраќајните знаци, опремата и сигнализацијата на патиштата; должностите во случај на сообраќајна незгода; кандидати за возачи, возачи, автошколи, испитни центри и возачки дозволи; оспособувањето за управување и стекнување право на управување со моторно возило. Воедно, практичните проблеми детектирани во процесот на имплементација на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата врз основа на неговата досегашна практична примена, имплицираа потребата од нивно надминување, преку прецизирање на повеќе одредби од Законот, во правец на содржинско допрецизирање и подобрување на постојните решенија, преку нормативно-правно и техничко прецизирање на постојните законски одредби.

Усогласување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со  Законот за јавните патишта, Законот за возила, Законот за правда за децата, Законот за заштита на личните податоци и Предлогот на законот за прекршоците, како и надминување на проблемите детектирани во досегашната практична имплементација на предметниот закон.   

Предлогот на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата има за цел да воспостави еден концептуално јасен систем во однос на безбедноста и заштитата на патиштата; кандидати за возачи, возачи, автошколи, испитни центри и возачки дозволи; оспособувањето за управување и стекнување право на управување со моторно возило и прекршочната постапка за деца; посебните мерки на безбедност; евиденциите и заштитата на податоците и прекршочните одредби. За таа цел беа консултирани одредени законски решенија од законодавствата на одредени држави (Сојузна Република Германија, Француска Република, Република Словенија, Република Хрватска и Република Србија) кои се во функција на натамошно усогласување со најдобрите пракси во областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Целиот текст на Предлог законот можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико