Изготвен нацрт текстот за новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата | Правдико

Правдико

   

Изготвен нацрт текстот за новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Предлогот на новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата има за цел да воведе нови решенија со кои ќе се зајакне безбедноста на сите учесници во сообраќајот и истовремено да се предвидат високи стандарди за лична одговорност на секој учесник во сообраќајот.  

Со овој закон се уредува безбедноста и заштитата на патиштата, основните начела и меѓусебните односи на учесниците и другите субјекти во сообраќајот на патиштата; правилата на сообраќајот на патиштата; системот на сообраќајните знаци, опремата и сигнализацијата на патиштата; должностите во случај на сообраќајна незгода; кандидати за возачи, возачи, автошколи, испитни центраи и возачки дозволи; оспособувањето за управување и стекнување право на управување со моторно возило и прекршочната постапка за деца; посебните мерки на безбедност; организацијата и задачите на советите за безбедност на сообраќајот на патиштата; евиденциите и заштитата на податоците; прекршочните одредби и овластувањата за подзаконски прописи.

Нацрт текстот на новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико