Изготвен нацрт Законот за планински патеки | Правдико

Правдико

   

Изготвен нацрт Законот за планински патеки

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Trail-wВо Република Македонија не постои пропис со кој се уредува постапувањето и управувањето со планинските патеки. Нивното уредување се одвиваше на волонтерска основа, а согласно прописите кои се блиски на материјата, како што се прописите од областа на заштита на природата и управувањето со шумите. Воедно, одредени  општини имаат донесено свои одлуки кои го уредуваат начинот на користење на планинските патеки.

Дополнително, обележувањето на патеките се вршеше врз основа на меѓународно прифатените знаци кои се уште не се официјално прифатени во Република Македонија.

Поради сите погоре наведени причини Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за економија, Агенцијата за промоција  и поддршка на туризмот во Република Македонија и Федерацијата  на планинарски спортови на Македонија пристапија кон изработка на Законот за планински патеки.

Предложениот закон за Планински патеки е во насока на регулирање на планинарските патеки и нивно обележување и одржување, како и категоризација на планинските патеки.

Предложените законски решенија, го регулираат одредувањето на планинските патеки, начинот на нивното користење и одржување, одредување на нивната претходна траса, нивно означување со маркици и табли за усмерување – патокази, поставување соодветна заштитна опрема на опасни места, со цел нивно безбедно користење. Воедно, со Предлог законот за планински патеки ќе се уреди начинот на водење и воспоставување на националната и локалната мрежа на планински патеки  и обврската на нивното одржување.

Основната цел на Предлог законот е да се сосдадат услови за развој и унапредување на планинскиот и рекреативниот туризам во Македонија, преку обезбедување на безбедни услови за користење на планинските патеки. Воедно, со законот ќе се постигне и поголема заштита на природата и спречување на негативнисте последици врз биодиверзитетот преку воспоставување на правила за користење на планинските патеки.

Нацрт Законот за планински патеки можете да го превземите ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико