Изготвен НАЦРТ Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Соодветна рамка за превентивно делување, спречување и намалување на последиците од семејно насилство е регулирано во националната легислатива и тоа во Закон за семејство, Законот за социјалната заштита и Кривичниот законик, сметано од 2004 година. Националната законската рамка го изразува општествениот став за нетолеранција кон секаков вид на насилство што се случува во семејството, штитејќи ги основните човекови права на секој поединецот во рамките на неговото семејно живеење, притоа давајќи приоритет на неговото индивидуално право да не трпи насилство, понижувачко однесување и загрозување на личниот интегритет во рамките на основата клетка на општеството – семејството. На овој начин, правното санкционирање на насилството во семејството воспоставува мерки и процедури за помош, поддршка и заштита на жртвите на семејно насилство како и преземање на мерки насочени кон извршителите сторителите на семејно насилство.
Во оваа насока, Законот за семејството (,,Службен весник на Рeпублика Македонија“ бр. 80/92, 9/96, 38/04, 33/06, 84/08, 67/10, 156/10, 39/12, 44/12 и 38/14) го уредува граѓанско – правниот систем за преземање на мерки за заштита од семејното насилство.Со овој пропис се утврдува мандатот на институциите и невладиниот сектор за обезбедување, помош, поддршка и заштита на жртвите на семејно насилство и преземање на мерки за спречување на натамошно насилство, изрекување на привремени мерки на заштита кон сторителот на насилството од страна на основните граѓански судови, како и извршувањето на привремените мерки на заштита. Со Законот за семејството, граѓанско – правната заштита на жртвите на семејно насилство е поставена на две нивоа и тоа преку воспоставување на мерки на заштита и привремени мерки на заштита. Посебна карактеристика на интервентните мерки на заштита кои ги презема центарот за социјална работа (ЦСР), како и привремените мерки на заштита кои ги определува судот, е дека се спроведуваат/изрекуваат без оглед дали е покрената кривична постапка.
Системот на заштита е утврден со Закон за социјална заштита, со кој пропис се воспоставија вонинституционални форми на заштита – Центар за лица жртви на семејно насилство, во кои се обезбедува интервентно згрижување на жртвите на семејно насилство. Со овој пропис се уредуваат условите, постапката и начинот на давање на одредени социјални услуги од страна на здруженија, вклучително и во однос на спроведување на мерки на заштита на жртвите на семејно насилство и давање на вонинституционални услуги.
Целиот текст на нацрт Законот можете да го превземете ТУКА