Изготвена нацрт верзијата на НОВИОТ Закон за општа управна постапка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Концептот на кој е заснован сегашниот ЗОУП во периодот од неговото донесување па до денес станал несоодветен да одговори на новата сложена состојба на една современа држава. Тој ја одразува идејата на традиционалната бирократска управа, а не на управа на земја којашто треба да испорача големи и сложени јавни услуги. Европските начела за управно право, како и стандардите на управната пракса во земјите -членки на ЕУ, или не се одразени во сегашниот ЗОУП или се само делумно одразени.
Овој закон не ги опфаќа сите современи видови на управни активности и оттука не обезбедува целосна правна заштита против сите видови на управни активности. Тој пропишува непотребно сложени, долги и скапи постапки. Сегашниот ЗОУП не ја обезбедува потребната општа правна рамка за е -администрација и пристап на единствена точка за контакт.
Донесување на нов ЗОУП со кој ќе се реформира управната постапка во чекор со новиот и идниот општествен и технолошки развој. Донесување на нов Закон за општа управна постапка е дел од реформата на јавната администрација како еден од клучните приоритети на Владата на Република Македонија. Со новиот зкаон ќе се постигне модернизирање на системот на управните постапки во РМ што е потребно поради се‘ поприсутните иновативни административни алатки како што е информатичката комуникација, пристапот на единствена точка за контакт, управниот договор и ефективниот систем на управни правни лекови.
Нацрт законот можете да го превземете ТУКА