Излагање на тема „Независно судство, јакнење на капацитетите за отпор кон влијанија“ | Правдико

Правдико

   

Излагање на тема „Независно судство, јакнење на капацитетите за отпор кон влијанија“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Академијата за судии и јавни обвинители на РМ во соработка со Амбасадата на Република Франција организира излагање на тема „Независно судство, јакнење на капацитетите за отпор кон влијанија“ кое ќе се одржи на 26 март 2018 година (понеделник) во просториите на Академијата.

Со поздравно обраќање настанот ќе го отвори амбасадорот на Република Франција во Македонија, г. Кристијан Тимоние. Пред присутните свое излагање ќе има г. Алан Лакабаратс, судија на Врховниот суд на Република Франција, член на Судскиот совет на Република Франција и член на Консултативниот совет на европски судии.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.

Препорачуваме

Партнери на Правдико