Измамник од скопјанка одзел 2.000 евра лажејќи дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка | Правдико

Правдико

   

Измамник од скопјанка одзел 2.000 евра лажејќи дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопјанка на возраст од 78 години во попладневните часови на 24 август во полиција пријавила дека била измамена од едно лице за сума 1.400 евра и 30.000 денари.

Според пријавеното, околу 10.00 часот од непознат број ѝ се јавило лицето и ѝ рекло дека нејзината ќерка и нејзиниот партнер предизвикале сообраќајна незгода во која бил повреден мигрант, а дека и ќерка ѝ е тешко повредена.

Исто така, според пријавеното, лицето ѝ кажало дека треба да плати 25.000 евра за да ја спаси ќерка си од одговорност. Според пријавата, потоа тие се сретнале и му ги дала парите.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико