Измамници прелажале повозрасен охриѓанец, им дал 1.000 евра | Правдико

Правдико

   

Измамници прелажале повозрасен охриѓанец, им дал 1.000 евра

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Две засега непознати лица се сторители на казнено дело „измама“ извршено во вторник, на улицата „7 ноември“ во Охрид.

Тука, околу 10.30 минути, двете лица на околу 55-годишна возраст, пресретнале повозрасен жител на Охрид и започнале разговор со него. Притоа, едниот од нив му кажал дека другиот човек е од Израел кој имал сообраќајна незгода во Охрид поради што морал итно да плати оштета. Тој, од повозрасниот охриѓанец побарал да му помогне на странецот и да му даде пари за плаќање на оштетата нудејќи му во залог рачен часовник кој, според него вредел 4000 евра.

Верувајќи во кажаното и со желба да му се помогне на странецот, охриѓанецот му дал 1.000 евра и поверувал дека откако ќе ја платат оштетата, двајцата ќе се вратат и ќе му го вратат заемот што итно бил потребен.

По примената пријава од оштетениот, СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите. Апелираме до граѓаните, посебно до повозрасните, да внимаваат во разговори со непознати, да не наседнуваат на вакви изговори и таквите настани веднаш да ги пријават во полициска станица или на полицискиот број 192, велат од полицијата.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико