Измамници зеле пари и автомобил од наивни граѓани
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.Т. (35) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во периодот од почетокот на декември 2016 година до средината на јануари 2017 година, пријавениот во два наврати ја довел во заблуда РК од Битола да земе кредит на нејзино име со цел пријавениот да купи мобилен телефон кој ќе го исплаќа, на што истата се согласила. По ова, од продавница во Битола, пријавениот зел телефон во вредност од 60.000 денари и откако оштетената ги потпишала документите истите ги зел пријавениот. Во средината на јануари пријавениот повторно ја довел во заблуда пријавителката дека ќе купуваат телефон за неа од друга продавница.
Повторно земале мобилен телефон во износ од 60.000 денари. Договорот кој го потпишала оштетената и мобилниот телефон ги зел пријавениот, а на оштетената ѝ дал мобилен телефон „Сони Ериксон“ постар модел. Пријавениот до поднесувањето на пријавата немал платено ниту една рата за двата телефони, со што ја оштетил Р.К. за износ од 120.000 денари.
СВР Битола поднесе кривична пријава и против У.А. (31) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На крајот од ноември 2016 година пријавениот од лице од Битола изнајмил на користење ПМВ марка шкода Октавија, при што дневно требало да му плаќа по 900 денари. Договорот бил пријавениот да го има возилото 10-11 денови, со тоа што првично платил 2000 денари, а остатокот од парите да му ги исплати за неколку денови.
Пријавениот, и во текот на 2016 и во текот на 2017 година, не го вратил возилото. На крајот на февруари пријавениот, на автопазар во Битола, го продал наведеното возило на лице од Битола, со што на оштетениот му предизвикал материјална штета од 150.000 денари.
Извор: Макфакс