Правдико

   

Измена на закон: Без соодветно осигурување од штета инвеститорот нема да може да гради

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поголема одговорност на учесниците во градбата, како и поедноставување на постапката за добивање градежна дозвола, ова го предвидуваат измените на Законот за градба кои Министерството за транспорт и врски ги достави до Владата.

Според објаснувањето од Министерството постоечкиот начин на осигурување за одговорност за штета во осигурителна компанија во Република Македонија од страна на учесниците во изградбата на градба е несоодветен.

Законот кој сега е во сила бара осигурување на учесниците во градбата, а тоа се инвеститор, правни лица за проектирање, ревизија, изведување и надзор над изградбата, кои се посочени како субјекти кои одговараат за штетата предизвикана на трети лица при извршување на нивната работа и договорните обврски.

-Правните лица за проектирање, ревизија, изведување и надзор над изградбата се должни да имаат осигурување за одговорност за штета во осигурителна компанија во Република Македонија, која би можела со нивната работа да им се предизвика на инвеститорите или на трети лица. Годишната осигурена сума за вкупниот број на градби за учесниците во изградбата на градби од прва категорија од членот 57 на овој закон не може да биде пониска од 10.000 евра во денарска противвредност, а за градбите од втора категорија не може да биде пониска од 5.000 евра во денарска противвредност, стои во актуелниот Закон за градење.

Втората предложена измена и дополнување на Законот за градење во овој пакет е во функција да се поедностави постапката за издавањето на градежните дозволи, согласно со препораките на Извештајот Дуинг бизнис.

– Во постапката за издавање на одобрение за градење е предвидено пред издавањето на одобрението за градење инвеститорот и општината на чие подрачје треба да се гради градбата да склучат договор за уредување на градежно земјиште, со која процедура се одолговлекува постапката за издавање на одобрение за градење. Во законот не се утврдени стручни квалификации за службените лица кои вршат заверка на проектната документација, стои во предлогот за најновите предложени измени и дополнувања на Законот за грaдење.

Извор: еМагазин

Партнери на Правдико