Измена на закон: Поголема заштита на храната која е со географско потекло и традиционален рецепт
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Заштитата на земјоделските и прехранбените производи со географски назив и ознака загарантиран традиционален специјалитет, предвидуваат последните измени и дополнувања на Законот за квалитет на земјоделските производи кој е влезен во собраниска процедура.
Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, целта на предложените законски измени е целосно остварување на целите на законот преку дорегулирање на одредени прашања односно се воведува систем на обука за контролори земање на примероци за анализа на квалитетот на млекото и млечните производи, а во делот на заштита на квалитетот се врши усогласување со најновата ЕУ регулатива 1151/2012 на Европската унија.
Од Министерството за земјоделство велат дека Законот за квалитет на земјоделските производи содржи законски решенија применливи во областа на пазарите на земјоделските производи и производите со заштитена ознака на потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет, како и прилогадување кон тековните реформи во рамките на ЕУ.
„Уредувањето на пазарите на земјоделските производи е регулирано со цел да се олесни движењето на стоките, преку утврдување на минимален квалитет и останати стандарди за квалитет на земјоделските производи кои се ставаат во промет, зголемување на квалитетот и конкурентноста на земјоделските производи и преработки, остварување на следливост и подобро информирање на потрошувачите за природата и потеклото на земјоделските производи и преработки, законско дефинирање на формирањето на бази на податоци и одговорност за нивно воспоставување, одржување, чување и почитување, како основа за планирање, администрација, следење и контрола на политиките и мерките во областа, како и работата на институциите кои истите ги реализираат како и спроведување на надзор над земјоделските и прехранбените производи кои се ставаат во промет„, велат од Министерството.
Според нив, имајќи ги во предвид досегашните искуства во оваа област заради дорегулирање и подобра имплементација на одредбите на Законот посебно во делот на уредување на пазарот на млеко и заштитата на називот на производите со заштитена ознака на потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет, се нудат решенија кои ќе овозможат поефикасна примена на законот.
Воедно вградени се и одредени технички корекции на текстот на постоечкиот закон.
Извор: еМагазин