Изменета верзија на правилникот за начинот на одмерување на казните | Правдико

Правдико

   

Изменета верзија на правилникот за начинот на одмерување на казните

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logo (1)До Адвокатската комора на Република Македонија е доставена изменета верзија на Правилникот за начинот на одмерување на казни заради давање мислење во смисла на член 1 од Законот за измена на Кривичниот законик (Службен весник на Република Македонија бр.28/2014).

Од страна на Претседателот на Врховниот суд ни беше оставен рок од еден работен ден Адвокатската комора да достави мислење.  Го известивме Претседателот дека тоа е недоволен рок за давање одговорно мислење и дека комората во разумен рок ќе ја анализира изменетата верзија на Правилникот и ќе даде свое мислење.

Поради тоа се повикуваат членовите на комората да ја ананлизираат изменетата верзија на Правилникот за начинот на одмерување на казните и во наредните 7 дена да достават мислење до Управниот одбор.

Прилог: Изменета верзија на Правилникот за начинот на одмерување на казните

Извор: Адвокатска Комора на РМ

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико