Измени во програмата за полагање на правосуден испит | Правдико

Правдико

   

Измени во програмата за полагање на правосуден испит

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

20140618-noviot-nachin-na-polaganje-na-pravosudniot-ispit-1Се известуваат сите кандидати за полагање на Правосудниот испит дека заради промени во позитивните законски прописи од областа на Трудовото право се направени измени во Програмата за полагање на правосудниот испит. Имено програмата е дополнета со Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14), Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 48/15) и Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/14, 33/15). Од истата се избришани Закон за државни службеници („Службен Весник на Република Македонија“ бр.76/10. 6/12, 24/12, 36/11. 59/00, 112/00, 34/09. 103/01. 43/02, 98/02, 17/03, 40/03, 85/03, 17/04, 69/04, 89/05, 61/06, 36/07, 161/08, 06/09, 114/09. 35/10 и 167/10, 36/11, 6/12, 24/12, 15/13, 82/13. 106/13,132/14) и Закон за судска служба („Службен Весник на Република Матедонија“ бр. 98/08,161/08,6/09,150/10). 

Воедно, на страната http://e-prasanja.mk/ по предметот Трудово право, се објавени 27 нови прашања изготвени согласно новите Закони за вработени во јавниот скетор, административни службеници и судска служба.

Старите прашања кои беа изготвени согласно Закон за државни службеници (Службен Весник на Република Македонија бр.76/10, 6/12, 24/ 12, 36/ 11, 59/00, 112/00, 34/09, 103/01, 43/02. 98/02, 17/03, 40/03, 85/03, 17/04. 69/04, 89/05. 61/06, 36/07, 161/08, 06/09, 114/09. 35/10 и 167/10, 36/11, 6/12, 24/12. 15/13, 82/13. 106/13, 132/14) и Закон за судска служба (Службен Весник на Република Македонија бр. 98/08, 161/ 08, 6/09. 150/10) се бришат и истите нема да бидат дел од испитот.

Полагањето на испитот по предметот Трудово право со дополнетите прашања ќе почне да се спроведува од Априлската испитна сесија.

Пречистената програма можете да ја превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико