Предложени се измени во Законот за музеите | Правдико

Правдико

   

Предложени се измени во Законот за музеите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranie-na-rm-640x360Со Законот за музеите се уредуваат условите и начинот на работа на музеите, вршењето на дејноста на музеите, основањето, видовите на музеи, организацијата, координацијата, стручните звања, надзорот и други прашања што се од значење за вршење на дејноста на музеите во Република Македонија. Законот за музеите е донесен на 15 септември 2004 година, а во меѓувреме трипати e менувани дополнуван и тоа заради негово усогласување со други системски прописи: со Законот за прекршоците, во однос на висината на пропишаните глоби и со Законот за општата управна постапка.

Законот за музеите е нормативно тесно поврзан со Законот за заштита на културното наследство. Со Законот за заштита на културното наследство, како матичен, односно системски пропис за дејностите за заштита и за користење на културното наследство, се регулирани
прашањата кои се заеднички за повеќе сродни или различни видови културно наследство, а оттука и за музејските предмети како движно културно наследство. Собрнието на Република Македонија на седницата одржана на 29 декември 2014 година го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство, со кој меѓу другото се изврши изменување на одредбите кои се однесуваат на стекнувањето со стручни звања во областа на непосредната заштита, особено во однос на постапката и условите за избор и
реизбор во изборните стручни звања.

Оттука, со цел да се изврши усогласување на овие одредби, потребно е да се изврши изменување на одредбите кои се однесуваат на постапката и условите за стекнување со стручните звања виш кустос и кустос советник. Заради усогласување на Законот за музеите со постојната мрежа на музејски установи, а која по донесувањето на Законот е проширена со нов музеј, се утврди дека е потребно да се направи и соодветна измена во Законот со која ќе се утврдат надлежните матични установи за заштита на движното културно наследство, според видот на предметите.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико