Предложени измени во Законот за просторно и урбанистичко планирање | Правдико

Правдико

   

Предложени измени во Законот за просторно и урбанистичко планирање

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sobranieИзмените на законското решение се одговор на потребата од скратување на времетраењето на постапките за донесување на урбанистичките планови, за таа цел се пропишуваат услови за изменување и дополнување на генералните урбанистички планови и урбанистичките планови за села во делови, во зависност од реалните потреби и можности на донесувачот.

Се предвидува можност за избор на поврзување во еден вид на урбанистички план на две постапки кои согласно постојното законско решение е определено да се водат независно и одвоено, а се однесуваа на урбанистичките планови за села и урбанистичките планови во населено место. Се прецизираат условите под кои се издаваат овластувања за изработување на урбанистички планови и овластувања за ревизија на урбанистички планови.

Во насока на поедноставување на постапките за уредување на просторот со намена индустрија и производство, се воведува можност според потребите на инвеститорите да се изврши спојување на градежни парцели преку изработување на архитектонско урбанистички проект. Со архитектонско урбанистички проект како урбанистичко проектна документација се определува и можност за преуредување на граници на две соседни парцели со намена семејно доумување, во насока на нивно усогласување со сопственичките односи, а со цел остварување на правото за градење.

Со одредба од предлогот на законот се пропишува уредување на содржината на степенот на ажурирање на дигитализираните ажурирани геодетски подлоги, во зависност од тоа за каква цел служат. Се уредуваат подетално условите под кои детален урбанистички план донесен согласно генерален урбанистички план кој престанал да важи, може да се применува со цел остварување на правото за градење.

Препорачуваме

Партнери на Правдико