Измените на Законот за јавни набавки на собраниска седница | Правдико

Правдико

   

Измените на Законот за јавни набавки на собраниска седница

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Предлог законот за изменување на Законот за јавни набавки, по скратена постапка, со кој се предлага укинување на Советот за јавни набавки, е на дневен ред на денешната 19. седница на Собранието на Република Македонија.

– Целта на измените е да се отстранат непотребните бирократски процедури што доведуваат до намалување на ефикасноста и економичноста на постапките за доделување на договори за јавни набавки и го загрозуваат остварувањето на начелото на рационално и ефикасно искористување на јавните средства. Исто така, ќе се надмине непотребното преклопување на одредени надлежности на Советот за јавни набавки со други органи и тела кои имаат исти или слични надлежности во оваа област, стои во образложението на законот.

Советот за јавни набавки започна да работи на барањата за добивање согласност од 1 мај 2014 година. Во изминатиот период од формирањето,  стои во образложението, извршени се повеќе анализи на ефектите од неговото постоење и може да се констатира дека работењето главно негативно влијае врз ефикасноста и економичноста на системот на јавните набавки, најчесто со пролонгирање на подготовката и зголемување на трошоците во постапките за јавна набавка (поради плаќање на надоместоци во процесот на добивање согласност), како и со субјективност во одлучувањето.

– Советот не успеа да ги оствари првичните цели поради кои беше воспоставен, односно неговите одлуки не доведоа до значително зголемување на  конкуренцијата во постапките за доделување на договори за јавни набавки бидејќи нема значително зголемување на просечниот број на поднесени понуди. Насоките кои ги дава Советот ги принудува договорните органи во тендерските документации елементите за квалитет да ги сведат на минимум, иако постои ризик од несоодветно дефинирање на квалитетот преку техничките спецификации, наведува предлагачот на измените, Министерството за финансии.

На дневен ред на 19. собраниска седницата се и предложените измени на законите за социјална заштита, за заштита на децата и за издавање обврзници на Република Македонија за денационализација, сите во второ читање.

Парламентот треба да се изјасни за предлозите за измени на одлуки за избор на претседател, претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на повеќе собраниски тела, меѓу останатите, на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија, на Националниот совет за евроинтеграции, Комитетот за односи меѓу заедниците….

Дел од дневниот ред се и повеќе барања за давање автентично толкување на членови од законите за работните односи, за празниците, за градежно земјиште, за градење, како и на Изборниот законик.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико