Измените на законот за заштита на сведоци пред пратениците | Правдико

Правдико

   

Измените на законот за заштита на сведоци пред пратениците

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

_64987874_64987863

Предложени се измени на Законот за заштита на сведоци со цел да се намалат казните за трети лица кои немаат директни информации за заштитени сведоци, а при тоа го откриле нивниот идентитет.

Измените, по предлог на пратеникот Павле Трајанов од редовите на Демократскиот сојуз, се пред пратениците и по нив почна расправа во матичната комисија за политички систем.

Иницијативата следи по пресудата од четири години и шест месеци за новинарот Томислав Кежаровски, кој беше осуден од првостепениот суд токму за објавување на идентитет на заштитен сведок од случајот „Ореше“ .

Пратеникот Трајанов посочи дека во Законот предвидените казни се високи и се движат од најмалку четири години затвор па се до 15 години затвор или доживотен затвор. Притоа не се прави разлика за тоа како лицата доаѓаат до информации за идентитетот на заштитениот сведок.

– Од исклучителна важност е да се степенува одговорноста за тие што правиот идентитет го дознаваат преку извршување на службена должност(припадник на полиција, јавен обвинител…) за разлика од другите кои идентитетот го дознаваат на друг начин. Затоа предлагам казните за „службените „лица“ да останат исти, а за другите да бидат помали – рекол Трајанов.

Според новите решенија кои се пред пратениците лицето ќе се казни со закон од три месеци до три години, а во тешки случаи четири, осум и над осум години затвор за трети лица.

Казните за службените лица и за сите оние кои при вршење на службените задачи доаѓаат до класифицирани податоци за сведоците се предлага да останат истиод односно од 4 години до доживотен затвор.

Извор: Дневник

Препорачуваме

Партнери на Правдико