Измените за стечајците и војниците по скратена постапка | Правдико

Правдико

   

Измените за стечајците и војниците по скратена постапка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собранието по скратена постапка ќе ги носи законите за изменување и дополнување на законите за стечајците и за професионалните војници.

sobraniemkСобранието по скратена постапка ќе ги носи законите за изменување и дополнување на законите за стечајците и за професионалните војници. Со измените, околу 3.000 стечајци ќе добиваат месечен надомест од 7.100 денари, додека пак околу 4.000 војници по завршувањето на службата во АРМ ќе бидат ангажирани во државните институции. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов рече дека на тој начин голем број на стечајци ќе бидат материјално обезбедени. 

„Се предвидува проширување на опфатот и периодот на важење на самиот закон и се предвидува материјално обезбедување на голема бројка на лица со оглед на тоа дека не се работи за обемен и сложен закон, односно обемни измени, се предлага законот да оди по скратена постапка.“

Министерот за одбрана Талат Џафери истакна дека со законот за професионални војници значител дел од нив кога ќе продложат со работа кога всушност се најспособни.

„Со оваа законска норма, значителен број на припадници на армијата во кои што е инвестирано со огромен буџет за нивна професионализација и обука, во време кога можеби се најплодни за нивната должност, тоа се судира со законските норми и треба да го прекинат работниот однос во армијата.“

Пратеникот на СДСМ Марјанчо Николов рече дека владата на ВМРО-ДПМНЕ со тие закони лошо се обидува да ги копира и преземе мерките од програмата на опозицијата.

„Па така денеска на оваа седница имаме законски решенија за стечајните работници и професионалните војници кои што Социјалдемократскиот сојуз ги најавуваше. Владата обидувајќи се да се додвори на граѓаните и да тој популизам го шири што повеќе, предложи лоши законски решенија за стечајните работници и професионалните војници“, изјави Николов.

Од СДСМ предложија по скратена постапка да биде изгласан предлогот за поврат на 15 проценти од ДДВ на граѓаните. Но предлогот, како и оној за измена на законот за рурален развој не поминаа во Собранието.

Препорачуваме

Партнери на Правдико