Изминатиот викенд во Скопје над 180 возачи возеле побрзо од дозволеното
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Скопје полицијата констатирала дека 183 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 94 возачи, од кои: 31 возач затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 56 затоа што управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило и седум возачи затоа што биле возачи почетници.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 46 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се двајца возачи поради поминување крстосница на црвено светло, двајца поради недавање првенство на минување пешаци, пет возачи поради неправилно престројување, четворица поради неправилно престигнување, 30 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, четири поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и пет возачи поради користење мобилен телефон при управување возило.
Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 129 мандатни платни налози и 88 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.
Извор: Макфакс