Изминува рокот од 90 дена: КЗК мора да се изјасни за спојувањето на ВИП и ОНЕ | Правдико

Правдико

   

Изминува рокот од 90 дена: КЗК мора да се изјасни за спојувањето на ВИП и ОНЕ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

0125fbb3-97dd-4c4c-a993-a1728da637da-vКомисијата за заштита на конкуренцијата на седница одржана на 03.02.2015 година донесе Заклучок за поведување на постапка за оценка на концентрацијата помеѓу „Мобилком Мацедониен Бетеилигунгсфервалтунг ГмбХ“ и ОНЕ телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје, Република Македонија.

Согласно член 24 став (3) од Законот, Комисијата има рок од 90 работни дена од денот на поведување на постапката да донесе решение со кое ќе ја одобри или забрани предметната концентрација.

Овој рок истекува и поради тоа КЗК деновиве ќе мора да се изјасни дали концентрацијата на капиталот помеѓу австриската компанија во чија сопственост е мобилниот оператор ВИП и телекомуникацискта компанија ОНЕ е во согласност со Законот за заштита на конкуренцијата, а посебно поради тоа што со евентуалното спојување на двете компании ќе има значителни промени во однос на уделот на компаниите на пазарот на телекомуникациски услуги во Македонија.

Извор: Eмагазин.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико