Израел: 18 месеци затвор за поранешниот премиер
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Врховниот суд на Израел делумно ја прифати жалбата на поранешниот премиер Ехуд Олмерт и ја намали казната од шест години на 18 месеци.
Судот денес најави објави дека Олмерт (70) ќе започне со издржување на казната на 15 февруари, јави АП.
Олмерт, првиот израелски лидер кој ќе заврши зад решетки, беше осуден во март за примање мито за промовирање на контраверзниот проект со недвижнини во Ерусалим.
Тој е обвинет за кривични дела кои се случиле додека тој беше градоначалник на Ерусалим и израелски министер за трговија, долго пред да стане премиер во 2006 година.
Олмерт ги негираше наводите и беше во можност да остане на слобода во очекување на завршувањето на процесот на жалба.