Израел донесе закон за присилно хранење на палестинските затвореници | Правдико

Правдико

   

Израел донесе закон за присилно хранење на палестинските затвореници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

egypt-prisonИзраелскиот парламент усвои закон со кој се овозможува принудно хранење на затворениците кои штрајкуваат со глад, со посебен фокус на палестинските затвореници.

Опозицијата и лекарските асоцијации силно се противеа на законот, а коалицијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху по долгиата парламентарна расправа го усвои законот со 46 гласа за и 40 против, од вкупно 120 пратеници.

Израел е загрижен за можноста дека некои од палестинците во притвор можат да умрат поради штрајкот со глад и дека тоа ќе предизвика бран протести во окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим.

Израелската лекарска асоцијација, која принудното хранење го смета како медицински ризично и вид на тортура, ги повика израелските лекари да не го почитуваат законот.

Законот им дозволува на судиите да наложат присилното хранење или медицински третман, ако постои опасност по животот на затворениците, дури и ако тој одбива.

Палестинците во израелските затвори во текот на годините честопати организираат штрајкови со глад во знак на протест против нивното апсење. Голем дел од нив завршуваат во болница, а нивната тешка здравствена состојба ги зголемува тензиите меѓу Палестинците и ги отежнува односите со Израел.

Препорачуваме

Партнери на Правдико