Правдико

   

Израел: Полицијата го сослушуваше премиерот Нетанјаху вторпат седмицава

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

netanjahu-i-sara-696x370Израелската полиција во четвртокот вторпат во една седмица ги испрашуваше премиерот Бенјамин Нетанјаху во врска со подароците коишто наводно незаконски ги примал од домашни и странски деловни луѓе.

Полицијата и кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не сакаа и во четвртокот да ги коментираат ваквите информации во медиумите.

Инаку беше известено дека иследниците во четвртокот попладнето пристигнале во резиденцијата на премиерот во центарот на Ерусалим, поради второто сослушување, по она во понеделникот коешто траеше околу три часа.

Истрагата се води поради подароците коишто Нетанјаху како премиер наводно ги добивал од деловни луѓе, соопшти министерството за правосудство во понеделниот, без да каже други поединости.

Вкупната вредност на подароците медиумите ги проценуваат на десетици илјади американски долари. Медиумите, исто така, пишуваа и за втора истрага покрената поради сериозни сомневање во корупција, без да наведуваат други поединости.

Со сопругата Сара преброди во текот на годините повеќе скандал, вклучително и последните истраги за злоупотреби на државни пари за семејни прослави и работи на семејната резиденција. Ги негираа сите обвиненија.

Овие истраги ги поттикнаа прашањата за можноста Нетанјаху, кој во моментов нема ривал на израелската политичка сцена, да биде обвинет и практично принуден да поднесе оставка.

Шеесет и седумгодишниот Нетанјаху категорички ги отфрла сите обвиненија за незаконско постапување, повторувајќи дека „од тоа нема ништо да има, бидејќи и нема ништо“. Ги обвинува своите политички противници и дел од медиумите дека сакаат да го соборат.

Нетанјаху на премиерската должност е од 2009 година, по првиот мандат од 1996 до 1999 година. На власт е така повеќе од десет години и би можел да го собори историскиот рекорд на Давид Бен Гурион, основачот на современата израелска држава, во должината на власт доколку мандатот го истера до крај во ноември 2019 година.

Нетанјаху, инаку, не е првиот израелски премиер против кого е покрената истрага. Ехуд Олмерт, кој на функцијата беше од 2006 до 2009 година, отслужува 18-месечна затворска казна откако во 2014 година беше осуден за земање мито. Поранешниот премиер Ариел Шарон беше под истрага во 2003 и 2004 година за обвиненија за мито и корупција, заедно со двајца негови синови. Во2006 година неговиот син Омри беше осуден за корупција и мина извесен период во затвор.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико